/ Прочитано:

1.380

Објавен оглас за проверка на знаењето на кандидати за постојани судски преведувачи

Писмениот дел од проверката на знаењето ќе се одржи на 15.10.2016 година (сабота), со почеток во 9:00 часот, во просториите на Апелациониот суд Скопје. Кандидатот кој ќе го положи писмениот дел од проверката на знаењето на јазикот полага устен дел најдоцна во рок од 7 дена по спроведувањето на писмениот дел.

Илустрација пишување

Министерството за правда објави оглас за проверка на знаењето на кандидати за постојани судски преведувачи. Во огласот се наведува дека кандидатот кој сака да се пријави треба да поднесе барање со уплатница за административна такса од 50,00 денари, во кое ги наведува личните податоци (име, татково име, презиме, адреса на живеење, e-адреса, телефон и слично) и за кој јазик/јазици бара да биде поставен како судски преведувач.

Кон барањето кандидатот е должен да приложи:

– уверение за државјанство;

– доказ за живеалиштето или престојувалиштето на подрачјето на судот за кој што бара да

биде поставен за преведувач (фотокопија од лична карта или потврда за престојувалиште);

– уверение или диплома за завршено високо образование;

– потврда од овластена образовна институција за активно познавање на македонскиот јазик

(само доколку високото образование е завршено надвор од Република Македонија);

– уверение или потврда за активно познавање на странскиот јазик или јазикот на

припадниците на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија и

– уплатници.

Секој кандидат треба да достави уплатница во износ од 6.000,00 денари, уплатени на жиро-сметката на Министерството за правда, на број 070010014063112 со назнака „За проверка на знаење за судски преведувачи“, назив на примачот – Министерство за правда, банка на примачот – Народна банка на РМ, трезорска сметка на Народна банка број 100000000063095, приходна шифра 723013, програма 10.

Потребните документи треба да бидат во оригинал или копија заверена кај нотар (освен личната карта) и заедно со барањето да се достават во архивата на Министерството за правда, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 9 – Скопје.

Проверката на знаењето се врши писмено и усно, во согласност со Програмата за проверка на знаењето на друг јазик за поставување на постојаните судски преведувачи. Писмениот дел од проверката на знаењето ќе се одржи на 15.10.2016 година (сабота), со почеток во 9:00 часот, во просториите на Апелациониот суд Скопје. Кандидатот кој ќе го положи писмениот дел од проверката на знаењето на јазикот полага устен дел најдоцна во рок од 7 дена по спроведувањето на писмениот дел.