/ Прочитано:

1.931

Промоција на збирка колумни од професорот Ѓорѓи Марјановиќ

 

На 18 октомври (петок) во 12:00 часот, во свечениот амфитеатар на Правниот факултет при УКИМ ќе се промовира книгата „Колумни“ на професорот Марјановиќ. Книгата содржи колумни објавувани во дневниот весник „Дневник“ во периодот од 1998 до 2006 година. Организатори на настанот се Фондацијата „Ѓорги Марјановиќ“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Промотори на книгата ќе бидат Владимир Петрушевски-Фили, претседател на фондацијата,  Бранко Секуловски, судија во пензија, Александар Дамовски, еден од основачите на „Дневник“, и Александар Марјановиќ, извршен директор на фондацијата.

Книгата содржи 329 колумни, а ќе биде објавена во три тома, на над 1.000 страници. Од фондацијата велат дека книгата нема да се продава на „традиционален“ начин, туку ќе се добива со донирање износ по сопствен избор.

Приходите кои фондацијата ќе ги обезбедува на овој начин ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, деца на самохрани родители, невработени лица, лица со попреченост и други ранливи категории. На овој начин фондацијата ќе се обиде на овие лица да им помогне да станат финансиски самостојни, со што ќе направи Македонија еден ден да им стане пристојно место за живеење.

Електронската демо верзија од книгата на следниот линк.

Основана Фондација Ѓорѓи Марјановиќ

М.В