ОБВИНИТЕЛСТВОТО: Банките пријавиле до СЈО дека Груевски подигнува пари од своите сметки
„Во насока на утврдување на евентуални пропусти во постапувањето на службените лица чија обврска била обезбедувањето на осудениот Груевски, Обвинителството во неколку наврати побара од надлежните служби да му бидат доставени информации и податоци за начинот и преземените мерки во обезбедувањето. Исто така, до повеќе надлежни институции, обвинителот достави барања за податоци во насока дали имале сознанија дека сега осудениот Груевски се подготвува за бегство. Од сите институции пристигнат е одговор дека немале сознанија ниту информации за такви планови на осуденото лице.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во досегашниот тек на постапката, утврди дека во септември 2018 година, на ист датум од три различни банки, сега осуденото лице Никола Груевски подигнало околу 120 илјади евра од сопствени сметки, за што банките пријавиле до Управата за финансиско разузнавање и до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, посочуваат од Јавното обвинителство на РМ во врска со предметот за бегството на Груевски…Соопштение на Јавното обвинителство во врска со предметот за бегството на Груевски
Груевски со критики за македонските судови кои работеле спротивно на праксата во Стразбур
Граѓанските организации бараат темелна истрага за бегството на Никола Груевски
Кривичниот суд: Судот не е виновен за бегството на Груевски
M.В