/ Прочитано:

5.831

Од желба за дружење создадов фејсбук-група „Нема кафана, нема мир“ – Антон Моцан, адвокат

Што прават правниците во време на полициски час воведен заради превенција од коронавирусот

Карантинот, со ограничување на слободата на движење и неработењето на судовите, како човек и како адвокат, исклучително тешко го преживувам.

Пред се јас сум екстовертна личност со огромен број социјални интеракции и живеам со и заради луѓе. Тоа е нештото што ме дефинира  како човек бидејќи ќе го парафразирам Хемингвеј никој од нас не е остров сам за себе.

Од дете малку и брзо спијам и секогаш имам многу слободно време, и кога редовно се работи. Како луѓе сме благословени со моќ за прилагодување и имагинација  па во отсутство на вистинска дружба со реални луѓе тоа го активно го правам на социјалните мрежи. Како резултат на желба за дружење и побрзо минување на самотијата од шега создадов група на Фејсбук со име Нема кафана нема мир, која на мое големо изненадување исклучително добро беше прифатена и брзо проширена, за неполни две недели има 8.500 членови и се зголемува, каде членовите постираат музика, шеги и свои коментари. Не дозволувам во групата политика, навреди и нетрпеливости, реклами и слично. Се обидувам што е можно помалку да интервенирам и оставам на свеста и совеста на членовите во надеж дека нема да биде злоупотребена. Доколку се изгуби смислата на групата и не бидам во можност да ја контролирам со жалење ќе ја избришам а се надевам дека до тоа нема да дојде.

Егзистенцијата ја остварувам само од мојата работа и заради  немањето на судења и све што е со нив поврзано сериозно ме погодува и доколку потрае оваа ситуација ќе биде тешко да се задоволат основните потреби и навики.

Се надевам дека ова временевреме брзо ќе помине и ќе се вратиме во нормалниот живот со сите предности и мани.

Ви посакувам добро здравје.

Антон Моцан, адвокат.