/ Прочитано:

906

Одложување на примената на Законот за акцизите по скратена постапка

Група пратеници во Собранието предлагаат измени на Законот за акцизите по скратена постапка. Предложените измени се на дневен ред на денешната собраниска седница.

„Со законските измени за акцизите ќе овозможи на економските оператори кои работат со новите тутунски производи да ги пријават планираните месечни количини на акцизни марки во периодот од 1 декември до 10 декември 2019 година и на тој начин ќе се овозможи и подигање на акцизни марки и обележување на овие производи согласно примената на новиот Закон за акцизите. Ова значи можност за економските оператори навремено да ги започнат своите планирани активности со новите тутунски производи.

Истовремено, се предлага да се одложи примената на Законот за акцизите, односно наместо од 1 ноември 2019 година истиот да отпочне да се применува од 1 јануари 2020 година“, се вели во законското образложение.

Со Законот за акцизите се уредуваат акцизите за добрата подлежни на акциза, во поглед на начинот на настанување, пресметување и плаќање на акцизите на акцизното подрачје на Република Македонија, правата и обврските на акцизните обврзници и надлежниот царински орган во врска со акцизните добра, вклучувајќи ја постапката за надзор и следење на движењето на акцизните добра.

Новиот Закон за акцизите со европско знаменце пред пратениците

Објавен текстот на новиот Предлог-закон за акцизите

Министерството за финансии подготвува нов Закон за акцизите

М.В