/ Прочитано:

2.023

ОГЛАС: Антикорупциска бара лица за антикорупциска проверка на легислативата

Комисијата ќе вработува еден раководител на Одделението за антикорупциска проверка на легислативата, Сектор за спречување на корупција и судир на интереси, и четири лица како советници за антикорупциска проверка на легислативата во Одделението за антикорупциска проверка на легислативата, Сектор за спречување на корупција и судир на интереси.

????????????????????????????????????

Државната комисија за спречување на корупцијата објавува оглас за вработување на 5 лица. Извршителите, кои ги бара Антикорупциска, ќе бидат ангажирани на определено време, односно до 31 декември 2016 година.

Комисијата ќе вработува еден раководител на Одделението за антикорупциска проверка на легислативата, Сектор за спречување на корупција и судир на интереси, и четири лица како советници за антикорупциска проверка на легислативата во Одделението за антикорупциска проверка на легислативата, Сектор за спречување на корупција и судир на интереси.

Кандидатите за раководител треба да имаат образование во правните науки, најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.

Кандидатите за советници, пак, треба да имаат образование во правните науки, најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку три години работно искуство во струката.

Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат преку архивата на Државната комисија за спречување на корупцијата или со препорачана пратка по пошта. Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и во утврдениот poк и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат. Рокот за доставување на потребната документација е десет (10) дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 17.3.2016 година (четврток).

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
  • Кратка биографија, CV, со задолжително наведен телефонски број за контакт и адреса;
  • Доказ за бараното работно искуство;
  • Фотокопија од свидетелство за завршен степен на образование кое се бара за работното место и копија од уверение за државјанство.

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следната адреса:

ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

ул. „Даме Груев” бр. 1, 1000 Скопје