/ Прочитано:

2.233

Оглас за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство Тетово и во Вишото јавно обвинителство Штип

Кандидатите за избор на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип потребно е како посебен услов да имаат работно искуство од најмалку пет години, со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит.

sovet_na_obviniyeli1.jpg

Советот на јавни обвинители објави Оглас за избор на еден јавен обвинител за Основното јавно обвинителство Тетово и двајца јавни обвинители за Вишото јавно обвинителство Штип.

Сите кандидати за избор на јавни обвинители, освен условите предвидени во чл. 44 , 45 и чл. 46 од Законот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ бр.150/07) и Законот за измени и дополнување на Законот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ бр. 111/08), потребно е како посебен услов да исполнуваат, за:

  1. Кандидатите за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово потребно е како посебен услов да имаат работно искуство од најмалку три години стаж како јавен обвинител, со потврдени резултати во работата.
  2. Кандидатите за избор на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип потребно е како посебен услов да имаат работно искуство од најмалку пет години, со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават пријавите заедно со потребната документација, во оригинал или заверена фотокопија на нотар: уверение за државјанство и лекарско уверение (да не се постари од шест месеци од денот на нивното издавање), диплома или уверение за завршен правен факултет и потврда за положен правосуден испит, во оригинал или фотокопија заверена на нотар, и потврда за работен стаж, до Советот на јавните обвинители на Република Македонија на ул. „Кеј Димитар Влахов“ бр. 4, V кат, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот во „Службен весник на Република Македонија“.