/ Прочитано:

2.512

Оглас за времено упатување на тројца јавни обвинители во ОЈО за организиран криминал и корупција

Огласот се однесува за времено упатување на тројца јавни обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во времетраење најмногу до шест месеци.

Основно јавно обвинителство Скопје

Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на тројца јавни обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Огласот се однесува за времено упатување на тројца јавни обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во времетраење најмногу до шест месеци.

Според огласот, кандидатите за избор на јавни обвинители, освен условите предвидени во членот 45 од Законот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ број 150/07), Законот за измени и дополнување на Законот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ бр. 111/08), потребно е како посебен услов да исполнуваат:

  1. Кандидатите за избор на јавни обвинители во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје треба да ги исполни условите предвидени во членот 19 став 1 и членот 44 став 6 од Законот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ број 150/07).

Заинтересираните кандидати треба да ги достават пријавите и потребната документација, во оригинал или фотокопија заверена на нотар, и тоа: уверение за државјанство и лекарско уверение (да не се постари од шест месеци од денот на нивното издавање), доказ за работен стаж, диплома или уверение за завршен Правен факултет и потврда за положен правосуден испит во оригинал или фотокопија заверена на нотар, до Советот на јавните обвинители на Република Македонија ул. „Кеј Димитар Влахов” бр. 4 во рок од 5 дена од објавувањето во „Службен весник на РМ“.

Некомплетните документи нема да се разгледуваат,  а приемот на документи е од 8:30 до 15:00 часот секој работен ден, се наведува во огласот објавен во „Службен весник“.