Посебен извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања

Антикорупциската комисија го објави посебниот извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања (Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија – 2020). Во извештајот на Комисијата се истакнува дека неколку политички партии во текот на последните парламентарни избори на нерегуларен начин ја финансирале изборната кампања. Во таа насока, од Комисијата велат дека се потребни законски измени за да се спречи таквото финансирање. Како што информираат од Комисијата, досега само седум политички партии доставиле финансиски извештај, а рокот за доставување е до 25 октомври. Извештајот на Комисијата може да се преземе на следниот линк.

М.В