/ Прочитано:

483

Повик до заинтересирани страни за придонес во подготвувањето на Предлог измени и дополнувања на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности

Министерството за правда започна со спроведување на процес за подготовка на Предлог измени и дополнувања на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности.

Со цел овозможување директно и суштинско учество во сите фази од процесите за подготовка на Предлог измените, а согласно начелата на транспарентност и отвореност, Министерството за правда ги повикува заинтересираните страни да достават свои предлози за измени и дополнувања на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности.

Предлозите треба да ги содржат следните податоци: име и презиме на авторот на документот или предлогот, односно име и адреса на организацијата или институцијата, контакт податоци и опис на предлогот со образложение за причините поради кои се предлага измена и/или дополнување.

Предлозите можете да ги доставите до Министерството за правда на bpps@mjustice.gov.mk.

Рокот за доставување на предлозите е 10 мај 2022 година