Предлог за изменување и дополнување на Законот за буџетите за обезбедување средства во случај на кризна состојба
Покрај измените и дополнувањата на Законот, во Собранието е пристигнат и ребалансот на Буџетот за 2016 година, во кој се предвидува да се пренаменат средства со цел да бидат обесштетени погодените од поплавените подрачја.
Во Собранието е поднесен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите по скратена постапка со цел брзо и ефикасно да се обезбедат финансиски средства во случај на постоење на кризна состојба.
Во Законот се додава нов став на членот 1 со кој се предвидува:
„Во случај на постоење на кризна состојба одобрените средства во постојната буџетска резерва може да се зголемат со прераспределба на средства само помеѓу министерствата и другите органи на државната управа, за што одлучува Владата на Република Македонија, но намалувањето може да биде најмногу до 5% од постојните буџетски средства на министерствата и другите органи на државната управа и притоа да не се наруши нивното редовно функционирање и вршење на утврдените законски надлежности“, се наведува во измените.
Поради тоа ставовите 3 и 4 од членот 1 стануваат ставови 4 и 5.
Во објаснувањето на измените и дополнувањата се наведува дека во членот 1 од Предлог-законот се додава нов став со кој се утврдува дека во случај на постоење на кризна состојба одобрените средства во постојната буџетска резерва може да се зголемат со прераспределба на средства само помеѓу министерствата и другите органи на државната управа, за што одлучува Владата на Република Македонија, но намалувањето може да биде најмногу до 5% од постојните буџетски средства на министерствата и другите органи на државната управа и притоа да не се наруши нивното редовно функционирање и вршење на утврдените законски надлежности.
Во членот 2 се врши појаснување дека во случај на постоење на кризна состојба одобрените средства во постојната буџетска резерва може да се зголемат со прераспределба на средства само помеѓу министерствата и другите органи на државната управа, за што одлучува Владата на Република Македонија, но намалувањето може да биде најмногу до 5% од постојните буџетски средства на министерствата и другите органи на државната управа и притоа да не се наруши нивното редовно функционирање и вршење на утврдените законски надлежности, за разлика од другите случаи кога одлучува Собранието на Република Македонија.
Во членот 3 се овластува Законодавно-правната комисија при Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за буџетите.
Во членот 4 се регулира влегувањето во сила на овој закон, кој се предлага да влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.
Покрај измените и дополнувањата на Законот, во Собранието е пристигнат и ребалансот на Буџетот за 2016 година, во кој се предвидува да се пренаменат средства со цел да бидат обесштетени погодените од поплавените подрачја.
Владата прогласи кризна состојба која трае 15 дена по поплавите од 6 август кои го зафатија Скопскиот Регион.