Предлог закон за конфискација на имот во граѓанска постапка
Министерството за правда на ЕНЕР го постави текстот на Предлог законот за конфискација на имот во граѓанска постапка.
Како што се наведува во известувањето, со овој закон се заштитува јавниот интерес на Република Северна Македонија на начин што се оневозможува било каква корист од имот за кој во постапката за конфискација на имот во граѓанска постапка согласно овој закон било утврдено дека имотот не бил стекнат од законски извори. Целта на овој закон е да се оневозможи располагање со имот кој не може да се докаже дека е стекнат од законски извори. На овој начин, со законот се превенираат кривичните дела поврзани со организираниот криминал и корупција.
Текстот на Предгог законот може да го видите тука.