Во подготовка измени на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета
Министерството за правда подготвува измени на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Примената на постојниот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, донесен во 2012 година, заради декриминализација на клеветата и навредата, посочуваат од Министерството, покажа одредени слабости и недостатоци, кои е потребно да бидат надминати.
„За таа цел, беше ангажиран домашен експерт, кој подготви анализа на судската пракса во Република Северна Македонија и на наодите од претходни експерти, во која точно се детектираат прашањата кои треба дополнително да бидат регулирани, одредени решенија изменети, следејќи ја и компаративната анализа на системите“, образложуваат од Министерството.
М.В