/ Прочитано:

591

Предлог-закон за заеднички гранични премини со Албанија

Владата го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли меѓу двете земји, кој доаѓа како предлог од Министерството за надворешни работи. Овој договор ќе го намали времето на чекање на граничните премини и има за цел значително да го олесни движењето на граѓаните меѓу двете земји.