/Прочитано:

879

Предлогот за уставни измени на собраниска седница – објавен извештајот од Комисијата за уставни прашања

Пратениците на денешната 61. собраниска седница ќе расправаат за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.

Предлогот за уставни измени беше поддржан од Комисијата за уставни прашања. Комисијата со 10 гласа „за“ и 7 „против“ усвои заклучок со кој му предлага на Собранието на Република Македонија да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот. Собранието на РМ го објави извештајот од Комисијата, во кој се содржани и дискусиите на членовите на Комисијата.

Во Деловникот на Собранието се пропишува дека одлуката за пристапување кон измена на Уставот Собранието ја донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Предлогот и насоките за изменување и дополнување на Уставот на РМ се поднесени од Владата на РМ и содржат предлози и насоки за додавање на придавката северна во името на Република Македонија, измени во Преамбулата на Уставот, поцврста гаранција на границата, грижа за Македонците и дијаспората во странство.

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања

Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот

Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот

Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата

М.В