Предложени измени на Законот за сигурност во железничкиот систем по скратена постапка
Во собраниска процедура се измените на Законот за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка.
„Целта на Предлог-законот за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем по скратена постапка е потребaта од дефинирање нов рок со кој се дефинира дека работите на одржување за средни и големи поправки на влечени железнички возила (патнички и товарни вагони) кои се однесуваат на субјектот задолжен за одржување на железничките возила – превозник нема да се применуваат 12 месеци од денот на влегување во сила на овој закон, а дотогаш работите на одржување за средни и големи поправки на влечени железнички возила (патнички и товарни) кои се однесуваат на субјектот задолжен за одржување на железнички возила – превозник ќе ги врши правното лице основано од Владата на Република Северна Македонија кое е регистрирано за вршење на дејноста одржување на железнички возила и ги исполнува условите согласно Законот за сигурност во железничкиот систем“, се вели во законското образложение.
М.В.