/ Прочитано:

1.157

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во август 2023 година

На 20 август 2023 година ќе започнат да се применуваат ставовите (5) и (8) од членот 184 од Законот за платежни услуги и платни системи  („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 90/2022):

(5) Народната банка на својата веб-страница објавува споредбени податоци по поединечен давател на платежни услуги за видот и висината на надоместоците што се пресметуваат и наплаќаат од страна на одделните даватели на платежните услуги и тоа за секоја од услугите што се определени како најрепрезентативни за платежната сметка на потрошувачите.

(8) Давателот на платежни услуги е должен на својата веб-страница да има поставено врска за пристап до веб-страницата од ставот (5) на овој член.