/ Прочитано:

2.636

Предметите за приватизација од 2018, 2019 и 2020 година можат да се проверат на privatizacija.finance.gov.mk

Сите предмети за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост поднесени во 2018, 2019, 2020 година граѓаните можат да ги следат до која фаза на решавање се на порталот privatizacija.finance.gov.mk. Станува збор за околу 11.500 предмети поднесени во овој период, информираат од Министерството за финансии.

„Постапката за користење е многу едноставна. Потребен е архивскиот број на предметот, кога и во кое подрачно одделение е поднесен, како и катастарска парцела и катастарска општина за кои се однесува барањето. Доколку барателот не ја знае катастарската парцела и општина, доволно е само да го внесе својот матичен број или даночен број во случај на правно лице. Софтверот потоа на е-поштата на барателот доставува податоци во која фаза на решавање е предметот, односно дали е решен.

На овој начин граѓаните и фирмите на брз и едноставен начин можат да се информираат на платформата преку својот паметен уред, без да доаѓаат во подрачните единици на Управата за имотно правни работи.

Изминатата година, Управата за имотно правни работи реши над 7.000 предмети за приватизација. Истовремено се поднесуваат и нови барања. Рокот за поднесување на барање за приватизација на државно земјиште е заклучно 31 декември 2021“, појаснуваат од Министерството.

М.В