Портал за учење од далечина – измените на Законот за Бирото за развој на образованието во собраниска процедура
Во собраниска процедура се измените на Законот за Бирото за развој на образованието. Предлагач на измените е Владата.
„Со предлог-законот се врши усогласување на надлежностите на Бирото со другите закони кои ја тангираат неговата работа, како што се законите кои ги регулираат основното и средното образование, учебниците, статусот на наставниците и стручните соработници и сл.
Една од целите на законот е да се воспостави и да се развива портал за учење од далечина и дигитални содржини за користење во наставата, што е од исклучително значење во последно време со пандемијата со ковид-19, но притоа се земаат предвид и глобалните тенденции во насока на развој на учење од далечина.
Дополнително, со законот чие донесување се предлага ќе се овозможи ангажирање на стручни лица кои во целост ќе одговорат на законските надлежности на Бирото, а со тоа и за унапредување и развојот на образованието.
Предлог-законот се заснова на истите начела на кои се заснова Законот за Бирото за развој на образованието.
Со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието се допрецизираат надлежностите на Бирото како стручен орган кој дава поддршка на Министерството за образование и наука во однос на развојот на образованието и се овозможува ангажирање на стручни лица кои ќе одговорат на надлежностите на Бирото“, се вели во законското образложение.
МОН со ново соопштение за Законот за учебници
Утврден текстот на Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали
Законот за учебници вратен на дополнување
Што се предвидува во новиот Закон за учебници, кој е во собраниска процедура
МОН во врска со новиот Закон за учебници чија цел е дигитализација на учебниците
МОН подготвува нов Закон за учебници
МОН: Во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници
М.В