/ Прочитано:

5.378

Приговорот против решение за издавање на нотарски платен налог го составува адвокат

Приговорот против решение за издавање на нотарски платен налог го составува адвокат и мора да содржи адвокатски печат и потпис

Граѓанин до Уставниот суд поднел иницијатива за оценување на уставноста на членот 68 ставот 2 од Законот за нотаријатот.

„Во иницијативата подносителот наведува дека по издадено решение за издавање нотарски платен налог поднел приговор до судот, при што истиот бил отфрлен од страна на судот со образложение дека не можел лично да поднесе приговор бидејќи, согласно член 68 од Законот за нотаријатот, приговорот против решение за издавање на нотарски платен налог го составувал адвокат и морал да содржи адвокатски печат и потпис“, посочуваат од Судот.

Уставниот суд со Решение У. бр. 141/2016 од 5.7.2017 година, меѓу другото, не повел постапка за оценување на уставноста на членот 68 ставот 2 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ број 72/2016 и 142/2016) бидејќи утврдил дека истиот не е во спротивност со Уставот.

„Од образложението на наведеното решение, во однос на оспорениот член 68 став 2 од Законот за нотаријатот, Судот утврдил дека присуството на адвокатите во постапката пред нотар било со цел обезбедување правна помош од страна на адвокатурата на физички и правни лица во остварувањето и заштитата на нивните права и врз закон заснованите интереси во постапката пред органите во вршењето на јавно овластување утврдено со Законот за адвокатурата и друг закон. Оттука, целта за присуство на адвокатите во постапката пред нотарот била обезбедување и давање правна помош.

Освен тоа, во предметната иницијатива сметаме дека не се изнесени доволно аргументи и јасни укажувања за неуставноста на оспорениот член 68 став 2 од Законот бидејќи подносителот како единствен аргумент го наведува фактот дека не му било дозволено лично да поднесе приговор против решението со коешто му било издаден нотарски платен налог, без притоа да даде аргументирани наводи и причини во која правна насока оспорената одредба од Законот е во спротивност со членот 16 од Уставот“, посочуваат од Уставниот суд.

М.В