/ Прочитано:

1.311

Приведени крадци на велосипеди, МВР ги повикува оштетените граѓаните да си ги препознаат велосипедите

„На 08 и 09.07.2020 од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при  преземени мерки и активности лишени биле од слобода Е.М.(24) и А.И.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди и Х.К.(53) од Скопје поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело “прикривање“. Имено двајцата првопријавени извршувале кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди, тешки кражби во подрумски простории и тешки кражби во станови на подрачјето на Скопје, по што украденото го продавале кај третопријавениот, кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови.

Досега од сторителите се одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, разен рачен алат и лап топ.

Во врска со извршените кривични дела ги повикуваме сите оштетени граѓани во Полициската станица Карпош, секој работен ден од 09,00 до 15,00 часот за препознавање на велосипеди“, соопштуваат од МВР.