Програма за теоретската настава и Правилник за почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители
Академијата за судии и јавни обвинители ги објави Програма за теоретската настава и Правилникот за почетна обука.
„Во согласност со објавената Ранг-листа на слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, бр. 07-51/4 од 26.1.2017 година, се известуваат слушателите на почетна обука дека теоретската настава ќе почне на 1 март 2017 година, со модул 1 кој, во согласност со Програмата за теоретската настава, ги опфаќа граѓанското материјално и процесно право, трговското право, уставното право, управното право и информатичките технологии и правно истражување. Распоредот на часови дополнително ќе биде објавен“, се вели во соопштението.
Програмата за теоретската настава
Ранг-листа од приемниот испит во Академијaтa зa судии и јавни обвинитeли „Павел Шатев“