/ Прочитано:

706

Промоцијата на наодите од мониторингот на парламентарните избори и гласањето на лица со попреченост

Денеска во Државната изборна комисија беа презентирани наодите од мониторингот на парламентарните избори и гласањето на лица со попреченост.

На денешниот настан беше истакнато дека e од големо општествено значење да се обезбеди еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот живот.

„Институциите и политичарите имаат обврска да обезбедат еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот живот и да го гарантираат нивното право на глас“, беше истакнато на денешниот настан.

„Неспорно е дека бројни други проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост при реализација на политичките права остануваат отворени во моментот, но факт е дека голем дел од нив не се предмет на Изборниот законик, туку на практиката и организацијата на гласањето. Една од нив, во согласност со меѓународните обврски, е обезбедувањето на целосна пристапност на процесот на гласање за лицата со попреченост“, нагласи министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Оваа обврска, додаде тој,  е нешто што треба да се сфати сериозно од страна на ДИК, избирачките одбори и локалната власт.

„Исполнувањето на оваа препорака, пред сè, е предмет на организација и е во нивни раце“, потенцираше Маричиќ на денешниот настан насловен како „Промоцијата на наодите од мониторингот на парламентарните избори и гласањето на лица со попреченост“.

Според Маричиќ, со претстојниот попис, меѓу другото, ќе се добијат релевантни информации и за лицата со посебни потребни, односно со каков вид на тешкотии се соочуваат, дали користат помагала или помош од друго лице. Сите овие информации ќе бидат повеќе од корисни при креирањето на сите мерки и политики со кои ќе им се олесни животот на овие наши сограѓани и дополнително, ќе се гарантира нивното учество во сите аспекти на политичкиот живот.

М.В