/ Прочитано:

386

Разгледани забелешките на организациите на лица со попреченост во врска со пописот

„Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, денеска во Владата на Република Северна Македонија одржа средба со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, со претставник од Канцеларијата на Народниот правобранител и со претставници на граѓански организации на лица со различни видови попреченост.

На состанокот, кој го водеше советникот на Претседателот на Владата за прашањата поврзани со лицата со попреченост и координатор на Националното координативно тело Спасе Додевски, беа разгледани сугестиите и забелешките на организациите на лица со попреченост околу конципирањето на прашалникот и инклузивноста на попишувачкиот процес и беше изразена силна волја за интензивирање на понатамошна комуникација меѓу организациите на лицата со попреченост, Државниот завод за статистика и други релевантни институции.

Државниот советник за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во Канцеларијата на Народниот правобранител Весна Костиќ Ивановиќ укажа дека по направената анализа на пописните прашања упатени се сугестии до Државниот завод за статистика со цел унапредување на процесот на прибирање на податоци кои се однесуваат на лицата со попреченост во земјава.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски истакна дека пописот како една сеопфатна статистичка операција може да даде една статистичка база за лицата со попреченост која понатаму ќе иницира понатамошни наменски истражувања.

Тој подвлече дека сетот прашања ги зема предвид сугестиите на „Вашингтонската група“. Директорот на ДЗС исто така укажа дека и во процесот на попишување ќе бидат обезбедени знаковни толкувачи за комуникација со глувите лица, а предвидена е и можност за проверка на веродостојноста на одговорите дадени од слепите лица, од страна на нивно лице од доверба.

Координаторот на Националното координативно тело Спасе Додевски истакна дека ова тело е отворено да ги сослуша сите сугестии од лицата со попреченост и организациите на лица со попреченост и дека податоците од пописот се очекува да послужат како основа за понатамошни статистички операции и истражувања кои се однесуваат на оваа популација и креирање на соодветни државни политики.

На средбата беше изразена силна волја од страна на сите присутни за понатамошно заедничко делување и соработка и беше заклучено дека постои потреба од едукација и сензибилизација на сите институции вклучително и ДЗС како и интензивирање на соработката меѓу граѓанските организации и институциите за вклучување на лицата со попреченост како дел од истражувачките тимови во понатамошните истражувања кои ќе ја опфаќаат оваа популација“, се наведува во соопштението на Владата.

Народниот правобранител до ДЗС достави препорака за пописните листи за лицата со попреченост

Ќе се менува Законот за државјанството во врска со претстојниот попис

Одложувањето на пописот пред Законодавно-правната комисија со европско знаменце

Измените на Законот за попис доставени во Собранието

Пописот одложен за септември

ДЗС: Не постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство

Пописот и заштитата на личните податоци

Ковид-протокол за превентивни мерки при спроведување на пописот

Апасиев најави организирање на адвокати за бесплатна правна помош и битка во Стразбур во врска со пописот

Владата: Бојкотот на пописот е кривично дело „Организирање отпор“

Прекршочна постапка и казни до 300 евра за оние што ќе одбијат да се попишат, најавуваат од Владата

„Се забранува пиење и јадење за цело времетраење на попишувањето во домот“

Соопштение од Владата за пописот на дијаспората

Левица го оспори Законот за попис пред Уставниот суд

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис

Одредбите од Законот за попис за тоа кои лица ќе се опфатат со пописот

Законот за попис на собраниска седница

Предлог-законот за попис пред Законодавно-правната комисија

Глобите и кривичното дело во Предлог-законот за попис

Предлог-законот за попис со европско знаменце на собраниска седница

И Предлог-законот за попис на дневен ред на Комисијата за европски прашања

Откажана расправата за Предлог-законот за попис пред Комисијата за европски прашања

Презентирани новините во Законот за попис на населението

Утврден текстот на Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите

Објавен текстот на Предлог-законот за попис

Новиот Закон за попис се подготвува во Министерството за правда

М.В