/Прочитано:

1.412

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2019 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2019 година, заедно со табеларниот преглед на одредбите од прописите што престануваат да важат.

Во 2019 година отпочнуваат да се применуваат одредби од Законот за вработените во јавниот сектор. На 1 јануари започнуваат да се применуваат одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, од Законот за превоз во патниот сообраќај, од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Од подзаконските акти, на 1 јануари стапуваат во примена Одлуката за методологијата за управување со ризикот од перење пари и финансирање тероризам, Одлуката за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2019 година, Одлуката за методологијата за сигурност на информативниот систем на банката, Уредбата за методологијата за утврдување на критериумите за распределба на блок дотации од областа на културата во 2019 година, Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на наменски дотации за основното образование по општини за 2019 година, Тарифникот за изменување на Тарифникот за утврдување на висината на надоместоците што ги наплатува Комисијата за хартии од вредност, Уредбата за начинот на утврдување на платите, додатоците на плати и надоместоците за определени трошоци во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија итн.

На 1 јануари престануваат да важат Одлуката за начинот и постапката за воспоставување и примена на програмата во банка за спречување перење пари и финансирање на тероризмот, Програмата за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници за периодот 2018 – 2021 година, Одлуката за сигурноста на информативниот систем на банката…Целосен табеларен приказ на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2019 година.