/ Прочитано:

1.788

Протест на судската администрација

Судските службеници денеска излегоа на протест на кој го изразија својот револт за додатоците на платата. Судската администрација е револтирана поради одлуката на Судскиот буџетски совет непропорционално да ја зголеми платата на судиите во споредба со зголемувањето на платата на судските службеници.

„Отсуствува критериум врз основа на кој една категорија на вработени во судовите се одделуваат од останатите вработени. Судската служба има легитимно право да бара од Судскиот буџетски совет одговор врз кој критериум една категорија на вработени е привилегирана и добива додаток на плата двојно повисок од судските службеници”, велат судските службеници.

На почетокот на овој месец Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската администрација реагираа на, како што нагласија, апсурдната одлука на Судскиот буџетски совет за исплата на додатоци на плата со кои судиите си поделија додатоци во износ од 6.000 до 9.000 денари, а за судските службеници само од 500 до 1.500 денари, како и за немањето желба да ги исплатат парите на сите учесници во штрајкот во 2016 година (судската полиција, помошно-техничкиот персонал, пензионираните работници и работниците преминати во друга организација).

„Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација најпрвин сакаат да го решат проблемот со дијалог. Доколку не се реши, се знаат нашите чекори. Доколку бидеме игнорирани од страна на Судскиот буџетски совет, следната недела стапуваме во протест сите судови, а ќе размислуваме и за други начини на бојкот на работата и последното решение на синдикатот секогаш е штрајкот”, истакнаа минатата недела од УПОЗ во врска со најавата на протестот.

УПОЗ И ЗСА: Револт меѓу вработените во судовите за додатоците на платата

Здружение на судии: Во што пократок рок да се исполнат останатите обврски во врска со платите на судиите

Судските службеници ќе добијат право за исплата на додатоци на плата

Законските измени за платите на судските и на јавнообвинителските службеници влегуваат во процедура на донесување

Соопштение на УПОЗ за најава за штрајк доколку не се најде конечно решение за судските службеници

УПОЗ бара оставка од Судскиот буџетски совет

УПОЗ: Штрајкот продолжува. Штрајкувачите ќе лобираат кај пратениците и претседателите на судови за поддршка на барањата

ШТРАЈК НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Преговори со надлежните институции закажани за идната недела

„Бараме да се повлечат лошите закони“ – протест на судската администрација

ДА СЕ ВРАТИ СТАРОТО РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 7:30 ДО 15:30 – едно од барањата на УПОЗ и ЗСА на утрешниот штрајк

ШТРАЈК НА СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ: „Да се измени штетниот и демотивирачки Закон за судска служба!“

„Ќе ја бојкотираме работата на судовите доколку не се измени Законот за судска служба“ – БОРЧЕ МИРЧЕСКИ, претседател на Здружението на судска администрација

 ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДСКА АДМИНИСТРАЦИЈА БАРА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СУДСКА СЛУЖБА: Законот е противуставен, демотивирачки и дискриминирачки

НЕ БИДЕТЕ ОПУШТЕНИ, МОЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ ОТПУШТЕНИ – УПОЗ ги повикува судските службеници, судските полицајци и административните службеници на првомајски протест

М.В