/ Прочитано:

1.467

Провокативниот изглед на стрип-хероината Вондер Воман причина за укинување на кампањата на ООН за родовата дискриминација и нееднаквост

Именувањето на оваа стрип-хероина за амбасадорка на ООН, во текот на целата наредна година, требаше симболично да ги нагласи напорите на Обединетите нации во борбата против родовата дискриминација и нееднаквоста. Вондер Воман требаше симболично да ги пренесува пораките низ светот за еманципацијата на жените и за борбата против родовото насилство. Но наместо тоа, оваа кампања предизвика бес, пред сè, поради провокативниот изглед на стрип-хероината, кој беше и основниот елемент поради кој јавноста оцени дека Вондер Воман не е соодветен лик и дека изборот на ООН за водење ваква кампања која има за цел подигнување на јавната свест за исклучително сериозната проблематика која го допира целиот свет е сосема погрешен. 

Вондер Вомен

Организацијата на обединетите нации по само два месеци ја укина кампањата со стрип-хероината Вондер Воман, која во октомври беше именувана за почесна амбасадорка за промоција на правата на жените и девојчињата.

Именувањето на оваа стрип-хероина за амбасадорка на ООН, во текот на целата наредна година, требаше симболично да ги нагласи напорите на Обединетите нации во борбата против родовата дискриминација и нееднаквоста. Вондер Воман требаше симболично да ги пренесува пораките низ светот за еманципацијата на жените и за борбата против родовото насилство.

Но наместо тоа, оваа кампања предизвика бес, пред сè, поради провокативниот изглед на стрип-хероината, кој беше и основниот елемент поради кој јавноста оцени дека Вондер Воман не е соодветен лик и дека изборот на ООН за водење ваква кампања која има за цел подигнување на јавната свест за исклучително сериозната проблематика која го допира целиот свет е сосема погрешен. 

За укинување на кампањата, феминистичките организации успеаја да соберат  речиси 45 000 потписи. Во петицијата беше нагласено дека ликот, односно појавата на Вондер Воман е премногу провокативна, дури и вулгарна, на моменти некултурна, поради што не може да ја оствари целта на кампањата.

„Загрижува фактот што Обединетите нации ја избраа токму Вондер Воман поради тоа што многумина сметаат дека нејзиниот надворешен изглед е одраз на сексапилност, и тоа посебно во време кога ударна вест во САД е објективизирањето на жените и девојчињата“, се вели во заедничкото соопштение на повеќе организации за борба за правата на жените.

Од Организацијата на обединетите нации не излегоа со конкретно објаснување зошто ја укинуваат кампањата по само два месеци, но портпаролот Џефри Брез појасни дека сите досегашни кампањи на ООН со измислени ликови не траат повеќе од неколку месеци.

„Сметавме дека Вондер Вомен може да биде вистински промотор на кампањата за борба против родовата дискриминација и против нееднаквоста. Вондер Вомен е лик што поседува натчовечки моќи, има супер брзина и супер издржливост. Како и сите херои, таа е секогаш во одбрана на доброто и секогаш е барана кога општеството е доведено во опасност“, истакна Брез.

Кампањата што започна во октомври беше иницирана од поранешниот генерален секретар на ООН, Бан Ки Мун, но тој не присуствуваше на промоцијата на Вондер Вомен за почесен амбасадор.

Инаку, компанијата „Ди-си ентертејнмент“, која е издавач на ди-си стриповите, и компанијата „Ворнер брос“ се долгогодишни соработници на Организацијата на обединетите нации и особено се поддржувачи на повеќе кампањи за родова еднаквост и еманципација на жените што ги спроведува УНИЦЕФ. 

А. Б.