/ Прочитано:

1.380

Прв центар за иновации и развој на мали и средни претпријатија

Првиот центар за иновации и развој на мали и средни претпријатија ќе биде претставен денеска во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како дел од Регионалниот бизнис-центар за иновации.

Релевантни претставници, раководители на програмите за финансирање од ЕУ-фондови, ќе ги претстават можностите за финансирање кои компаниите може да ги користат и детално ќе ја образложат постапката и ќе одговорат на прашања од бизнис-заедницата.

На настанот ќе присуствуваат и компании членови на Сојузот, а целта е детално запознавање со ЕУ-програмите и како тие да ги искористат за развој и идни инвестиции.

Пред присутните свои обраќања ќе имаат Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија и Ксенија Вангелова, директор на Регионалниот бизнис-центар за иновации.

Можностите и условите за користење на ЕУ-фондовите ќе бидат презентирани од директорот на „Финнова“, Хуан Мануел Равуелта Перез, и  Луиџи А. Дел Аквила, раководител на Одделот за европски фондови на Европската академија на региони.