/Прочитано:

1.233

Публикација за оданочувањето на доход од закуп и подзакуп

Управата за јавни приходи објави публикација за оданочување на доходот од закуп и подзакуп. Оваа публикација треба да ги  упати граѓаните во основните правила при пријавување на доходот кој како физички лица го остваруваат од издавање во закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот. Претходно УЈП објави публикација за оданочувањето на приходи остварени од вршење самостојна дејност.

Во публикацијата за оданочување на доходот од закуп и подзакуп детално се разработуваат прашањата кои се однесуваат на оданочување на доход од закуп и подзакуп, помеѓу кои:

Што се подразбира под доход од закуп и подзакуп, закуподавец, закупец и подзакуп?

Кој е обврзник на данокот на доход?

Што е основа за пресметување на данокот?

Колку изнесува висината на трошоците со кои може да го намалите

остварениот доход?

Која даночна стапка се применува за пресметка на данокот?

Како и кога да го пријавите доходот?

Како се врши утврдување и плаќање на данокот на доход?

Кога треба да го платите данокот?

Кои други обврски ги имате како даночен обврзник?

Под доход од закуп и подзакуп се подразбира доходот што обврзникот го остварува од издавање во закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација (викендици), опрема, превозни средства и други видови имот.

Во доходот од закуп и подзакуп се вклучуваат и вредностите на сите давања и услуги на кои се обврзал закупецот, односно подзакупецот, да ги изврши за сметка на закуподавецот (адаптација, реновирање, сервисирање, поправки, соодветни вградувања на опрема, инсталации и слично).

Закуподавец е физичко лице кое издава земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација (викендици), опрема, превозни средства и други видови имот.

Закупец е физичко или правно лице кое го употребува земјиштето, станбените или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација (викендици), опрема, превозни средства и други видови имот.

Подзакуп е кога закупецот (физичко лице) закупениот имот му го дава во закуп на друго физичко или правно лице.

Публикација за оданочувањето на доход од закуп и подзакуп

Публикација за оданочувањето на приходи остварени од вршење самостојна дејност

М.В