/ Прочитано:

1.848

Рајнхард Прибе во Уставниот суд

Судиите на Уставниот суд на Република Македонија остварија средба со Групата високи експерти за системски прашања за владеење на правото предводена од Рајнхард Прибе.

„На средбата се разговараше за актуелната состојба во уставното судство и предлог-мерките за унапредување на работата на Уставниот суд на Република Македонија, како заштитник на највисокиот правен акт во државата, Уставот на Република Македонија и гарант на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите  права и слободи. На крајот на средбата, беше искажана заемна благодарност од одржаната средба“, истакнуваат од Уставниот суд.

M.В