Распишан оглас за пријавување на кандидати за полагање нотарски испит

Писмениот дел од испитот ќе се одржи на 19 септември, а терминот за устен испит дополнително ќе биде закажан, се наведува во огласот.

Министерството за правда објави оглас за пријавување на кандидати за полагање нотарски испит. Според огласот, секој кандидат кој се пријавува треба да ги исполнува следните услови:

  • да е дипломиран правник и
  • да има работно искуство на правни работи најмалку две години.

Кандидатот за полагање нотарски испит треба да ги достави следните документи:

  • пријава;
  • доказ за завршен правен факултет;
  • доказ за положен правосуден испит, доколку кандидатот го има положено и
  • доказ за уплатен износ на предвидените средства за полагање на испитот, односно уплатница на износ од 9 000 денари.

Потребните документи се поднесуваат до Министерството за правда во периодот од 1 до 10 септември.

Писмениот дел од испитот ќе се одржи на 19 септември, а терминот за устен испит дополнително ќе биде закажан, се наведува во огласот.