/ Прочитано:

1.200

Реформите во правосудството тема на средбата Караџовски – Гарет

На средбата амбасадорот Гарет упатил покана до претседателот Караџовски за учество во работилница која би се одржала во втората половина на ноември, на која ќе присуствуваат експерти од Велика Британија и претставници од повеќе судови и од Јавното обвинителство на Република Македонија, како поддршка  во имплементацијата на итните реформски приоритети во правосудниот систем.

Судски совет на РМ, табла

Реформите во правосудниот систем и степенот на нивната реализација беа темата на разговор на средбата меѓу претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, и амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет.

Караџовски нагласил дека Македонија презема низа активности за реализација на реформите во правосудството и дека на ова поле Македонија се истакнува во однос на останатите земји од Западен Балкан.

А. Б.