/ Прочитано:

1.338

Законот за воздухопловство ќе се усогласува со новите стандарди на меѓународните конвенции

Група пратеници во Собранието поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство. Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство, се вели во законското образложение,  ќе се обезбеди усогласување со најновите меѓународни стандарди и препорачани практики од областа на воздухопловството кои произлегуваат од анексите на Меѓународната конвенција за цивилно воздухопловство (Чикашката конвенција) и Мултилатералната спогодба за Европска заедничка воздухопловна област.

„На тој начин ќе се обезбеди поставување на повисоки стандарди во воздушниот транспорт на Република Северна Македонија, а со тоа и постигнување на регулаторна ефикасност и ефективност, подигнување на нивото на безбедност и сигурност, намалување на ризикот и осигурување на мобилноста на граѓаните“, се додава во образложението.

М.В