/ Прочитано:

1.891

Се зголемуваат платите на судиите

Денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ, и претседателот на Здружението на судии, Џемали Саити, соопштија дека е постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 проценти до 2022 година.

Министерот за правда истакна дека зголемувањето на платите во судството е паралелно со зголемувањето на одговорноста и ефикасноста на судиите и правосудниот систем, како и со процесот на дигитализацијата и прочистувањето, изјави Маричиќ.

„Судската власт е особено важна и статусот треба постојано да се зајакнува“, рече Маричиќ, додавајќи дека се  планираат и законски измени за платите на судиите со кои трајно ќе се утврдат коефициентите на судската власт.

Маричиќ и Саити посочија дека платите на судиите се долгогодишен проблем за кој долго се преговарало. Зголемувањето на платите,  нагласи Саити, е плод на повеќегодишни разговори со Владата, кои не беа лесни.  Сметаме, нагласи Саити, дека тоа што имаме согласност за 15 проценти е напредок, но се надевам дека ќе се движиме кон европските стандарди.

М.В