/ Прочитано:

1.553

Шеесетина закони на дневен ред на Собранието

Имено, во предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка, се предлагаат измени и дополнувања на одредбите кои се однесуваат на повозрасните возачи.

sobranie akademik.mk

Денес Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 97 седница на чиј дневен ред се предложени 60 закони. Меѓу поактуелните се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во скратена постапка и на законот за зеленило во прво читање.

Имено, во предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка, се предлагаат измени и дополнувања на одредбите кои се однесуваат на повозрасните возачи.

Предмет на овој предлог-закон е изменување на потребата од зголемување на горната старосна граница за редовно продолжување на возачка дозвола и измена на начинот на здравствена контрола при продолжување по надминувањето на старосната граница.

Со предложените измени се овозможува важноста на возачката дозвола да трае до 70 години, а по 70 години продолжувањето да се врши за период од најмалку 5 години за возачи од Б категорија.

Во членот 326 се предлага измена со која се овозможува лицата над 70 години да бидат ослободени од финансики издатоци.

Со усвојување на предложените решенија ќе се овозможи зголемување на горната старосна граница за редовно продолжување на возачка дозвола и измена на начинот на здравствена контрола при продолжување по надминување на старосната граница.

Со законот за зеленило се уредуваат правата и обврските во врска со подигањето, одржувањето и користењето на зеленилото, видовите на зеленило, како и други прашања од значење за зеленилото.

Со Законот се пропишува обврска за правилно користење на зеленилото за јавна употреба и се утврдува кои дејствија со кои се оштетува зеленилото не можат да се преземаат на зеленилото, се утврдува постапка за отстранување на зеленило, а се пропишува и обврска за водење на регистар на зеленило или катастар на зеленило.

Исто така со предлог-законот се утврдува и постапка за инспекциски надзор, кој ќе се врши од страна на општински комунални инспектори и се пропишуваат прекршочни одредби и прекршочна постапка при непочитување на обврските утврдени во овој закон.