/ Прочитано:

1.708

Што се пропишува во Уставниот закон за пишувањето на државјанството во личните документи

„Државјанството, македонско/граѓанин на Република Северна Македонија во личните документи и патни исправи на граѓаните се пишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Државјанството, македонско/граѓанин на Република Северна Македонија во личните документи и патни исправи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, се пишува на македонски јазик и неговото писмо и на тој јазик и неговото писмо и истото ќе се утврди на тој јазик во сите закони каде што треба да се примени“, се пропишува во членот 2 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Во предложениот Уставен закон се пропишува дека државјанството ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија

По реакциите на јавноста дека изводи од Управата за водење на матичните книги се издаваат со коси црти (/////) во графата за државјанство, денеска од Управата изјавија дека графата наместо со косите црти ќе биде пополнета со зборовите  „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“, на што упатува и Уставниот закон.

М.В