/ Прочитано:

2.833

УПОЗ: Вработените опфатени со гранскиот колективен договор ќе добијат регрес за годишен одмор за 2021 година

„На вчерашната седница на Владата на Р.С. Македонија, беше усвоен ребалансот на Буџетот за 2021 година. Со ребалансот на Буџетот за 2021 година,  а согласно Гранскиот колективен договор склучен од Синдикатот на УПОЗ и Владата на Р. С. Македонија, се предвидоа и средства за исплата на регресот за годишен одмор за 2021 година. Согласно Гранскиот колективен договор, регрес за годишен одмор ќе добијат вработените во органите на државната управа, стручните служби на Владата на РСМ, судовите, јавните обвинителства, казнено поправните и воспитно поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје и општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Р.С.Македонија“, се вели во соопштението на УПОЗ.

ВЛАДА – УПОЗ: Во Буџетот за 2021 година за првпат да се предвиди регрес за годишен одмор за администрацијата

М.В