/Прочитано:

578

Соопштение за втората јавна дискусија за нацрт-амандманите на Уставот одржана на Универзитетот ФОН

На јавната расправа за нацрт-амандманите говореа ректорот на Универзитетот ФОН, проф. д-р Нано Ружин, и проф. д-р Темелко Ристевски.

„Професорот Ружин, искажувајќи поддршка за процесот на уставните измени, говореше за потребата од истакнување на големата улога на потпишувањето на договорите со Бугарија и Грција, како знак на пријателство и добрососедство и кои обезбедуваат стабилизација во регионот и отвораат пат на Македонија кон НАТО и ЕУ. Професорот Ружин, подвлече дека Договорот од Преспа, може да биде модел за тоа како се решаваат конфликтите и дека таквиот начин може да се примени при решавање на сите проблеми кои ги имаат земјите на Балканот.

Професорот Ристевски се задржа на придобивките од имплементирање на Спогодбата со Грција, презентирајќи го предлогот во Амандманот 36, точка 3 која вели ‘Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство’, да се додадат и зборовите ‘и за припадниците на албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и припадниците на други народи кои имаат македонско државјанство и живеат во странство.’

На дебатата, на која повеќето учесници го поздравија процесот на уставните измени и напорите на Македонија за рамноправна членка во НАТО и ЕУ,  премиерот Заев одговараше и на прашања во врска со менувањето на личните документи по успешното имплементирање на Договорот со Грција. Тој информираше дека замената ќе се врши постепено, кога ќе им престане важноста на документите“, се вели во соопштението на Владата на РМ.

Соопштение на Владата во врска со првата јавна дискусија за нацрт- амандманите за уставни измени

Јавни дискусии на Владата за измените на Уставот

Јавна расправа и почеток на третата фаза за изгласаните нацрт-амандмани на Уставот

Нацрт-амандманите на Уставот пред Комисијата за уставни прашања

Според нацрт-амандманите, зборот „Македонија“ останува во членот 36 од Уставот

Деловникот на Собранието на РМ во врска со нацрт-амандманите на Уставот

Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот

Предлогот за уставни измени на собраниска седница – објавен извештајот од Комисијата за уставни прашања

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања

Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот

Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот

Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата

М.В