/ Прочитано:

612

Средба на граѓански организации за проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии одржаа завршна средба со грантистите од програмата за мали грантови на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“, кој се спроведува со поддршка од Европската Унија.

Целта на средбата беше преку презентација на спроведените проекти да се поттикне соработката на полето на развој на критичкото мислење и медиумската писменост во духот на отвореност и соработка на сите засегнати страни и по завршувањето на имплементацијата на самите проекти.

Притоа, претставниците од шесте граѓански организации ги претставија резултатите од спроведувањето на своите проекти; продуктите што произлегле од нив; научените лекции; и дискутираа за можностите за идна соработка во оваа сфера меѓу локалните организации, медиумите, ГО и другите засегнати страни во реоните каде што се имплементираа проектите.

Настанот заврши со дискусија на која се акцентираа зачетоците за натамошната работа во сферата медиумска писменост, односно продолжување на работата преку вмрежување на средните училишта кои ќе продолжат со активности во сферата, а самите медиуми кои ќе продолжат со продукција на содржини за медиумска писменост.

За овие нови иницијативи беше речено дека ќе се спроведуваат во текот на наредните шест месеци од 2019 година. Натаму, се дискутираше и за потребата од зајакнување на наставните содржини за медиумска писменост во средношколските установи. За оваа тема беше најавена средбата која Евротинк ја организира со релевантни претставници од секторот образование во земјата, закажана на 22 мај, на која ќе бидат презентирани резултатите и препораките од истражувањето за потребата од медиумска писменост во образовниот процес.

М.В