/Прочитано:

946

СТАТИСТИКА: Слободни работни места

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2017 година, стапката на
слободни работни места изнесува 1.53%.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности
со храна 4.50%, додека најмала е стапката во секторот Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално
осигурување, каде што изнесува 0.04%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која
изнесува 2.14%.

Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3.05%.
Најголем број слободни работни места, односно 2.807, има во петтата група занимања – работници во услужни дејности и продажба.

М.В

Погледнете и ..