/ Прочитано:

1.687

Статистика: Зголемен бројот на бракови, намален бројот на разводи

Државниот завод за статистика објави соопштение за природното движење на населението во Република Македонија во четвртото тримесечје од 2017 година.

Во ова тримесечје од 2017 година бројот на склучените бракови е 3.119, што претставува зголемување за 6,9 % во споредба со истиот период од 2016 година.

Бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 590, што претставува намалување од 9,8 % во споредба со истиот период од 2016 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од  2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 2,3 % и изнесува 5.352 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2017 година бележи намалување од 12,6 % во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4.848 лицa, а од нив 36 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 504 лица, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

M.В