/ Прочитано:

990

Судиите на работна сесија за подготовка на документ за јавна политика

„Здружението на судиите, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, спроведе дводневна работна сесија за клучните аспекти на реформскиот процес кон зајакнат систем на избор, разрешување и професионален развој на судиите“, информираат од Здружението на судии на РМ.

Целта на оваа сесија, посочуваат од Здружението, е да се подготви документ за јавна политика кој ќе ги претставува гледиштата на судиите и кој ќе биде употребуван од Здружението на судии како алатка за понатамошно застапување на сопствените ставови во процесот на подготовка на законските решенија.

М.В