/ Прочитано:

3.247

СУДСКИ СОВЕТ: Лавдрим Сефери поставен за в. д. претседател на Основен суд Гостивар

Сефери бил избран за судија во декември 2012 година и работи како судија во кривичната материја.

pravsudstvo-e1415703583817.jpg

Судскиот совет на вчерашната седница донел Одлука со која за Вршител на должност претседател на Основниот суд Гостивар го поставил Лавдрим Сефери.

Сефери, доаѓа на првото место во Основен суд Гостивар на местото на досегашниот претседател Ќирко Михајлоски.

Според податоците од Основниот суд Гостивар, Сефери завршил на Правниот факултет при Државниот  универзитетот во Тетово и бил слушател на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители од четвртата генерација.

Сефери бил избран за судија во декември 2012 година и работи како судија во кривичната материја.

Покрај тоа, на вчерашната седница Судскиот совет донел Одлука за престанок на функција судија-поротник во Основниот суд Гостивар, поради навршени 64 години.