/ Прочитано:

1.099

Судскиот совет го применува системот за управување со квалитет

Системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена во државната служба се засноваат на меѓународни или македонски стандарди со кои се востановуваат посебни барања за системот за управување со квалитет и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба.

Во текот на 2016 година, Судскиот совет на Република Македонија го воведе стандардот MKC EN ISO 9001:2015 – Системот за управување со квалитет – Барања.

Судскиот совет информира дека системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена во државната служба се засноваат на меѓународни или македонски стандарди со кои се востановуваат посебни барања за системот за управување со квалитет и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба.

 „Од страна на сертификационото тело ИНТЕРЦЕРТ беше извршена проверка на ден 20.12.2016 година, кое во својот извештај констатираше дека Судскиот совет на Република Македонија го исполнува стандардот MKC EN ISO 9001:2015. Сертификационото тело ИНТЕРЦЕРТ на ден 29.12.2016 година издаде сертификат со кој потврди дека Судскиот совет на Република Македонија го применува системот за менаџмент во согласност со барањата на стандардот MKC EN ISO 9001:2015“, се вели во соопштението на Судскиот совет на Република Македонија.