Судскиот совет ќе објави оглас за претседател на Апелациониот суд во Штип и за Основниот суд во Тетово
Одлуката за избор на претседатели во овие судови следува откако претседателот на Апелациониот суд во Штип, Стојанче Рибарев, беше избран за судија во Врховниот суд, додека претседателот на Основниот суд во Тетово, Ханиф Зендели, беше избран за судија во Апелациониот суд во Гостивар.
На седницата закажана за утре, Судскиот совет ќе објави одлука за избор на претседател на Апелациониот суд во Штип и за Основниот суд во Тетово.
Одлуката за избор на претседатели во овие судови следува откако претседателот на Апелациониот суд во Штип, Стојанче Рибарев, беше избран за судија во Врховниот суд, додека претседателот на Основниот суд во Тетово, Ханиф Зендели, беше избран за судија во Апелациониот суд во Гостивар на последната седница на Судскиот совет на која беа избрани вкупно 25 судии за повеќе судови во Македонија.
Покрај тоа, на утрешната седница Советот треба да донесе одлука за определување вршител на должност претседател за Апелациониот суд во Штип и за Основниот суд во Тетово до изборот на нови претседатели. Исто така, Советот треба да донесе и одлука за објавување на оглас за еден судија на Основен суд Скопје 2 Скопје од редот на Академијата за судии и јавни обвинители.