/ Прочитано:

2.188

Судскиот советник Павлина Црвенковска предложена за нов член на Судскиот совет

Покрај предложените нови членови на Советот на јавни обвинители, народниот правобранител Иџет Мемети и адвокатот Љупчо Ивановски, собраниската Комисија за изборите и именувањата на Собранието му предложи и нов член на Судскиот совет. Од страна на Комисијата е предложена Павлинка Црвенковска, судски советник во Апелациониот суд во Скопје. Во биографијата на Црвенковска е наведено дека претходно била советник во Владата, била раководител во Министерството за одбрана, а работела и како адвокат.

Според прописите, Судскиот совет е самостоен и независен орган на судството. Советот ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите. Советот е составен од 15 члена, од кои тројца членови на Советот ги избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

М.В