/ Прочитано:

987

Судско-медиумски совет: Потпишани меморандуми со Судскиот совет и со Академијата за судии и обвинители

Тргнувајќи од заедничките заложби за транспарентно, независно и самостојно судство, судство со интегритет и доверба кај граѓаните, притоа насочувајќи ги напорите кон поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, преку унапредување на меѓусебната соработка, Судско-медиумскиот совет при Здружението на судиите на Република Северна Македонија, претставуван од д-р Џемали Саити, судија и претседател на ЗСРСМ, и  Иван Џолев, судија и претседател на Судско-медиумскиот совет, од една страна, и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” Република Северна Македонија, претставувана од проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска, директорка на Академијата, потпишаа меморандум за соработка.

Исто така, Судско-медиумскиот совет при Здружението на судиите на РСМ и Судскиот совет потпишаа меморандум за соработка, предвиден со проектот „Зајакнување на улогата и функционалноста на Судско-медиумскиот совет“, финансиран од страна на Владата на САД.

Меморандумот  беше потпишан од страна на  Џемали Саити, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија и претседател на ЗСРСМ, Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд Скопје и претседател на Судско-медиумскиот совет при ЗСРСМ, и Киро Здравев, претседател на Судскиот совет на РСМ.

М.В