/ Прочитано:

1.086

Талески на распит во Кривичниот суд. СЈО бара притвор за градоначалникот осомничен во предметот „Транспортер“

„За предметот „Транспортер“ донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353 ст. 5 вв ст. 1, а вв ст. 22 и 45 од Кривичниот законик, а поднесен е и предлог за определување на мерка притвор против истото лице“, се наведува во соопштението на СЈО.

Владимир Талески

Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, е на распит во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка во врска со предметот „Транспортер“ кој го отвори СЈО, а во кој тој се јавува како првоосомничен.

За осомничените во предметите кои беа објавени по аболицијата, а во кои не беа опфатени високи функционери кои беа помилувани, СЈО бара од Кривичниот суд определување на мерка притвор и мерки за претпазливост. Во предметот „Транспортер“ поради аболицијата не беше опфатен градоначалникот на Битола, Владимир Талески, додека во предметот „ТНТ“, за уривањето на Космос, исто така објавен по аболицијата, не беа опфатени поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски.

„За предметот „Транспортер“ донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353 ст. 5 вв ст. 1, а вв ст. 22 и 45 од Кривичниот законик, а поднесен е и предлог за определување на мерка притвор против истото лице“, се наведува во соопштението на СЈО.

Во петокот судијата на претходната постапка ги одбил како неосновани предлозите на СЈО за осомничените во предметот „ТНТ“.

„Судијата на претходната постапка, постапувајќи по предлогот за определување мерки на претпазливост спрема осомничените: Н. Г., M. J. и T. T., поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), кои се опфатени во предметот на СЈО во јавноста познат како „ТНТ“, донесе решение со кое го одби како неоснован предлогот на СЈО и против нив не определи мерки на претпазливост“, велат од Судот.

СЈО најави дека ќе поднесе жалба на решението на судијата на претходната постапка.