/ Прочитано:

1.099

ТАЛЕСКИ: Нема криминал во организирањето на училишниот превоз во Битола

„Во согласност со закон, до Општината доаѓаат блок-дотации, Општината ги трансферира до училиштата, а училиштата, врз основа на договор потпишан со превозниците, вршат плаќање на услугата и тука нема ништо спорно. Со прес-конференцијата на СЈО воочивме дека оваа институција бескрајно многу нè уважува како важен субјект“, го појасни Талески начинот на организирање на училишниот превоз.

Владимир Талески

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој е првоосомничен во новиот предмет што го отвори Специјалното јавно обвинителство, под име „Транспортер“, вели дека во Општината немало направено никаков криминал.

„Општина Битола нема направено никакво незаконско дело, ниту криминал, ниту какво било коруптивно дело“, изјави Талески, според кого прес-конференцијата на СЈО со театрално и бомбастично изнесени излагања е со политички побуди.

Општина Битола добила надлежност да спроведе групна јавна набавка за организирање бесплатен превоз на ученици и таа била извршена со согласност со сите директори на училиштата.

„Во согласност со закон, до Општината доаѓаат блок-дотации, Општината ги трансферира до училиштата, а училиштата, врз основа на договор потпишан со превозниците, вршат плаќање на услугата и тука нема ништо спорно. Со прес-конференцијата на СЈО воочивме дека оваа институција бескрајно многу нè уважува како важен субјект“, го појасни Талески начинот на организирање на училишниот превоз.

И тој ја отфрли аболицијата од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Дваесет и две лица, меѓу кои како првоосомничен се јавува градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, и злоупотреба на 360 илјади евра од Буџетот на Република Македонија преку злоупотреба на службената положба, се дел од новиот предмет што го отвори Специјалното јавно обвинителство, под име „Транспортер“.

Како што истакна обвинителката Фатиме Фетаи, сега помилуваниот градоначалник веројатно плаќал поскап превоз за ученици и од градоначалникот на Токио, со директни штетни финансиски последици врз Буџетот на Република Македонија.