/ Прочитано:

1.219

ТАЛЕСКИ: Тендерите во Општината се работени транспарентно и ние ќе го докажеме тоа

По распитот во СЈО, Талески рече дека случајот што се води против него е наметната политичка хајка врз основа на само еден снимен разговор.

Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола на распит во СЈО

Тендерите за организирање на училишниот превоз се транспарентни и ние ќе го докажеме тоа –  ова го истакна градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талевски, по два и полчасовниот распит во Специјалното јавно обвинителство.

Талески и уште 22 лица опфатени во предметот „Транспортер“ се осомничени за злоупотреба на 360 илјади евра при незаконско организирање на училишниот превоз во Битола.

По распитот во СЈО, Талески рече дека случајот што се води против него е наметната политичка хајка врз основа на само еден снимен разговор.

Ова е првпат градоначалникот на Битола да биде повикан на распит.

Талески е во куќен притвор од минатиот месец, со решение на Кривичниот совет.

Апелациониот суд одржа јавна седница на која одбраната и СЈО ги презентираа наводите во жалбата и одговорот на жалбата на решението на Кривичниот совет.

Одбраната на Талески тврдеше дека постои повреда на правото на еднаквост на оружјата бидејќи не им биле доставени никакви докази и дека против градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, се води политичка хајка.

М. С.